ПРВ.мк
Македонија

Општина Кавадарци со нов зафат: се поплочуваат пристапни патишта во Возарци за подобри услови за живот

Општина Кавадарци со нов зафат: се поплочуваат пристапни патишта во Возарци за подобри услови за живот

Општина Кавадарци продолжува со реализација на инфраструктурни активности насочени кон подобрување на секојдневието на граѓаните, а во тек е поплочување на пристапни патишта на вкупна површина од 1.200 квадратни метри.

Овој зафат се спроведува во рамки на Програмата за комунална изградба за 2025 година и претставува уште една конкретна инвестиција во уредување на локалната инфраструктура. Со поплочувањето се овозможува побезбеден и полесен пристап за жителите, како и значително подобрување на условите за живот во населеното место.

Ваквите активности имаат директно влијание врз квалитетот на живеење, бидејќи придонесуваат за подобра пристапност, поуредена околина и пофункционална инфраструктура за сите граѓани.

Со континуирани вложувања во комуналниот развој, Општина Кавадарци продолжува посветено да работи на создавање подобри услови во сите населени места.