По повод Велики Четврток, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја посетија црквата „Св. 40 Маченици“, изградена на Смилковското езеро.


Посетата, како што информира Костовски, била посветена на сеќавањето на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски, кои ги загубија животите на Смилковското езеро пред 14 години. Во нивна чест беше положено свежо цвеќе, а присутните запалија свеќи пред спомениците кои трајно сведочат за трагедијата.



Во рамки на посетата, делегацијата изврши и увид во тековните градежни активности за доизградба на камбанаријата, како и уредувањето на црковниот двор.
Од Општина Бутел посочуваат дека ваквите посети се израз на почит и трајно сеќавање на невино загинатите, со порака дека Велики Четврток и трагедијата кај Смилковско езеро не смеат да бидат заборавени.










