ПРВ.мк
Македонија

ЖЕШКО НÈ ЧЕКА! Температурите повторно ќе скокнат – еве што најавуваат метеоролозите!

ЖЕШКО НÈ ЧЕКА! Температурите повторно ќе скокнат – еве што најавуваат метеоролозите!

Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на места се очекува зголемување на облачноста, при што ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е и изолирано невреме проследено со силен ветер и појава на град.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Велес се очекува сончево и многу топло време со повремена локална облачност. Во попладневните часови облачноста може да се зголеми, при што постои можност за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места е можна и појава на невреме со силен ветер и град.