Првото бебе во 2026 година во Македонија е девојче, соопштија од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК).
„На ГАК се роди принцеза“, објавија од Клиниката на својата официјална Фејсбук страница, споделувајќи ја радосната вест за почетокот на новата година.
Малата принцеза е родена точно на полноќ, во моментот кога започна 2026 година, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Од ГАК информираат дека повеќе детали за новороденчето и мајката ќе бидат соопштени во текот на денот.
















