ПРВ.мк

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип – МВР апелира за почитување на одлуката

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип – МВР апелира за почитување на одлуката
VERO Banner

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека Агенцијата за цивилно воздухопловство воведе забрана за користење на дронови на територијата на Кочани и Штип. Оваа одлука е донесена со цел да се спречат потенцијални закани за воздушниот сообраќај и да се заштитат граѓаните и нивниот имот.

Од МВР предупредуваат дека секое неовластено и некоординирано управување со дронови во овие зони може да доведе до сериозни последици и ќе биде санкционирано согласно Законот за воздухопловство.

Воедно, Министерството апелира до граѓаните, особено во овие денови на тага и болка, протестите да се одвиваат мирно и во согласност со законските прописи. Од институциите се очекува целосно спроведување на одлуките, а граѓаните се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници за одржување на јавниот ред и безбедност.

Повеќе информации за одлуката можете да најдете на официјалната страница на Агенцијата за цивилно воздухопловство: линк.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран