ПРВ.мк

Вреди веројатно ќе добие уште пратеник

Вреди веројатно ќе добие уште пратеник
Jumbo Banner

По излегувањето од коалицијата Вреди/Влен, во крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците започнаа внатрешни поделби. Денеска Салим Сулејмани објави дека поднел оставка од сите партиски функции во партијата, но и од функцијата пратеник во Собранието, пренесува телевизијата ТВ21.

Оттаму, сега се поставува прашањето кој ќе го заземе пратеничкото место на Сулејмани. Според листата на коалицијата Вреди од парламентарните избори, во Петтата изборна единица веднаш по Салим Сулејмани следува педијатарката Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса и дел од коалицијата Вреди, којашто неодамна ја започна својата трансформација во единствен политички субјект.

Со тоа, Валбона Адили-Емини би станала нова пратеничка, а коалицијата Вреди би добила вкупно 10 пратеници во новото парламентарно мнозинство по заминувањето на Таравари.

Истовремено, со оваа промена, АА на Таравари ќе ја изгуби можноста за формирање на пратеничка група, бидејќи според правилникот за работа на Собранието, за формирање пратеничка група се потребни најмалку пет пратеници, бројка којашто во моментов ја нема, иако претходно ја сочинуваа шест пратеници.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран