Во СВР Тетово е пријавен сериозен случај на насилство врз дете, откако според информациите, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена физички нападнала мало дете на возраст од околу три до четири години.
Инцидентот се случил околу 14:15 часот на 09.06.2026 година, а според пријавеното, ситуацијата била забележана од случајни минувачи кои веднаш реагирале и се обиделе да го заштитат детето од понатамошно малтретирање.
По реакцијата на граѓаните, жената го оставила детето на улицата и си заминала, при што со себе однела и количка во која се наоѓало друго малолетно дете.
На местото на настанот биле повикани надлежни институции, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово. Во моментов се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на жената и за целосно расчистување на случајот.
Детето по добивање на медицинска помош било предадено на Центарот за социјални работи, каде ќе биде згрижено и понатаму следен неговиот статус од страна на надлежните служби.







