ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ОВА Е УБИЕЦОТ ОД БАРСЕЛОНА: Му пукал во глава на маж пред полициска станица, се сомнева дека жртвата е од балканот!

(ФОТО) ОВА Е УБИЕЦОТ ОД БАРСЕЛОНА: Му пукал во глава на маж пред полициска станица, се сомнева дека жртвата е од балканот!

Каталонската полиција истражува дали мажот кој денеска е ликвидиран пред канцеларијата на Националната полиција е од Источна Европа. Напаѓачот, кој носел велосипедска кацига, му приошол од зад грб на жртвата и испукал неколку куршуми директно во главата. Оружјето со кое е извршено убиството го пронашол сведок.

Како побегнал убиецот?

Напаѓачот побегнал по улицата Гранада дел Пенедес, а подоцна бил забележан во округот Грасија во Барселона, каде што го снимиле надзорните камери.

Како што се гледа на фотографиите од надзорните камери, напаѓачот е облечен во бела маица, кафеави куси панталони и црни патики. Со себе носи ранец и црна торбичка околу појасот.

Фото: ЕлКасо / Отстапени фотографии

+2 Галерија: Слика од напаѓачот од надзорната камера, изострена со помош на вештачка интелигенција.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, полицијата веднаш покренала опсежна акција за негово лоцирање и апсење. Оружјето било пронајдено од сведок, скриено под велосипедската кацига – истата онаа што напаѓачот ја носел на снимките од видеонадзорот.

Вонредни безбедносни мерки во градот

Шпанските медиуми напоменуваат дека папата Лав XIV попладнево се враќа во Барселона по неговата посета на Монсерат. Предвидено е тој да патува со „папамобилот“ по улицата Росело, на потегот од авенијата Дијагонал па сè до катедралата Саграда Фамилија, поради што безбедносните мерки во градот се подигнати на највисоко ниво.

Втора пресметка во Барселона за само неколку часа

Ова е шестата жртва убиена во Каталонија во текот на оваа 2026 година. Претходното убиство се случи изминатиов викенд во зоната Франка, исто така во Барселона, кога беше ликвидиран српскиот државјанин Марио Ѓоловиќ.

Најнови вести