ПРВ.мк
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: Петгодишно дете се затруло со лековите на баба!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: Петгодишно дете се затруло со лековите на баба!

Петгодишно дете од гостиварското село Чегране било итно префрлено на Детската клиника во Скопје откако се затруло со лекови што ги проголтало во семејниот дом кај своите баба и дедо, информираат надлежните служби.

Според информациите од СВР Тетово, на 8 јуни околу 18:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар Гостивар, каде детето првично било донесено поради симптоми на труење со лекови.

Како што изјавила мајката Н.А. (25), настанот се случил околу 17 часот, во период кога таа била на работното место, а детето било оставено под надзор на бабата и дедото. Во тие околности, поради невнимание, малолетникот дошол во контакт со таблети кои биле оставени на лесно достапно место во домот и ги проголтал, по што неговата здравствена состојба се влошила.

Детето било затекнато во стабилна и контактибилна состојба при првичниот медицински преглед во Гостивар. По укажаната прва помош, поради потреба од понатамошно следење и дополнителни испитувања, било префрлено на Детската клиника во Скопје.

Случајот е пријавен и документиран од надлежните служби, а се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до труењето.

Извор: Скопје1.мк

Најнови вести