ПРВ.мк
Македонија

Возачите со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли од 125 кубици под одредени услови!

Возачите со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли  од 125 кубици под одредени услови!
Kristal

Возачите кои имаат Б категорија би можеле во иднина да добијат можност да управуваат и мотоцикли од А1 категорија, но само доколку ги исполнат условите предвидени во новите законски измени.

Според предлогот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ова право нема да важи за сите автоматски, туку само за лица кои имаат најмалку 23 години, поседуваат возачка дозвола од Б категорија најмалку пет години и имаат завршено задолжителна теоретска обука.

Станува збор за управување мотоцикли со автоматски менувач од А1 категорија, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 киловати.

Предлогот предвидува автошколите да издаваат потврда за посетена четиричасовна теоретска обука за сообраќајни правила и прописи, а за секоја издадена потврда ќе треба да го известуваат и Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, начинот на спроведување на обуката, како и изгледот на потврдата, ќе ги утврдува министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена по стапувањето на сила на законот.

Предлог-измените се поднесени од пратеничката група на ЗНАМ, а според предлагачите, целта е да се зголеми користењето на мотоцикли како поекономично и попрактично превозно средство во секојдневниот сообраќај.

Со ваквото решение, според образложението, би можело да се влијае врз намалување на метежот во градовите, но и на трошоците што граѓаните ги имаат за секојдневен транспорт.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape