ПРВ.мк
Наука/Технологија

„ВОНЗЕМЈАНИН“ НА ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА? Фотографија од астронаут ги збуни сите – вистината е сосема поинаква!

„ВОНЗЕМЈАНИН“ НА ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА? Фотографија од астронаут ги збуни сите – вистината е сосема поинаква!
Kristal

Фотографија направена во вселената предизвика вистинска бура на интернет, откако многумина поверуваа дека станува збор за нешто што не припаѓа на Земјата. Необичниот објект, со чудна форма и „пипала“, на прв поглед изгледал како вистински вонземјанин.

Зад објавата стои астронаутот на НАСА, Дон Пeтит, кој со доза хумор го нарекол објектот „Спудник-1“. Но, иако изгледот буди морничави асоцијации, вистината е далеку поедноставна – станува збор за обичен компир.

Овој „чуден организам“ всушност е дел од експеримент за одгледување растенија во услови на бестежинска состојба. Компирот бил сместен во импровизирана средина со светилки, за да се следи неговиот развој во вселената.

Она што го прави толку необичен е начинот на растење. Никулците, кои инаку се појавуваат и во домашни услови, во вселената растат во сите правци, создавајќи форма што потсетува на нешто живо. Дополнително, помошните материјали што го држат фиксиран само го засилуваат тој впечаток.

Реакциите беа поделени – дел од луѓето беа воодушевени од креативноста и експериментот, додека други признаа дека фотографијата ги вознемирила.

И покрај шегата, експериментот има сериозна цел. Компирот се смета за една од најперспективните култури за идни вселенски мисии, поради својата хранлива вредност и практичност за одгледување.

Ова уште еднаш покажува дека дури и најобичните работи, во необични услови, можат да изгледаат – речиси вонземски.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape