Северна Македонија – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, иако на некои делници коловозите се влажни, а видливоста е намалена поради магла.
Според АМСМ, најлоши услови се забележуваат на:
- Премин Плетвар – видливост до 100 метри
- Крушево и Стража – 50 метри
- Маврово – 40 метри
- Штип – Неготино (кај Серта) – 50 метри
- Тетово – село Лисец – 30 метри
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.
АМСМ апелира до возачите да возат прилагодено на условите, да почитуваат сообраќајна сигнализација и да бидат внимателни на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Особено внимание се препорачува на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Возачите потсетуваат дека е законска обврска задолжителна зимска опрема во возилата.

















