ПРВ.мк
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со притисоци сакал да ја преземе клиниката „Жан Митрев“ - еве со што се заканувал!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со притисоци сакал да ја преземе клиниката „Жан Митрев“ - еве со што се заканувал!
Kristal

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати сериозни обвинувања кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека додека бил министер за здравство вршел притисоци со цел да се преземе приватната болница „Жан Митрев“.

На прес-конференција, пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека Филипче, со поддршка на тогашниот премиер Зоран Заев, преку институционални механизми се обидел да го одземе сопствеништвото на болницата од кардиохирургот д-р Жан Митрев.

Според Стојаноски, на клиниката и на самиот Митрев им биле блокирани банкарските сметки, а постоела и забрана за продажба на здравствената установа. Тој посочи дека, според јавно изнесеното сведоштво на Митрев, забраната била укината само една недела откако одредени лица од тогашната власт покажале интерес за преземање на болницата.

„Се поставува сериозно прашање како е можно Обвинителството експресно да ја укине забраната по ваквите случувања. Дополнително, д-р Митрев наведува дека имало обид болницата да биде откупена по цена далеку под реалната и пазарната вредност“, рече Стојаноски.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Јавното обвинителство итно да отвори истрага и да го расветли целиот случај.

Во продолжение, Стојаноски остро реагираше дека додека граѓаните се соочувале со драматични последици од ковид-кризата и недостиг на вакцини, поранешните владини функционери, според него, се занимавале со лични и бизнис интереси.

„Наместо здравјето на народот, сведоци сме на приказни за згради, авиони, автокомпании, тендери и сега – болници. Ова е недозволиво и срамно“, додаде тој.

Од друга страна, претседателот на СДСМ Венко Филипче претходно најави дека ќе поднесе тужба за клевета поради, како што вели, континуирани напади и неосновани обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека последните обвинувања поврзани со клиниката „Жан Митрев“ ја преминале секоја граница и претставуваат директна дискредитација.

Филипче изјави дека доколку постојат сомнежи за какви било незаконски дејства, тие треба да се процесуираат институционално, а не преку медиумски кампањи и политички притисоци.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo