Легендарната тенисерка Serena Williams повторно го привлече вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи сподели серија фотографии на кои го покажува својот нов изглед по значително слабеење.
Поранешната светска тениска ѕвезда објави фотографии во костим за капење, на кои се забележува дека изгледа значително послабо, откако, според медиумските информации, успеала да намали околу 15 килограми. Нејзината нова фигура веднаш предизвика бројни реакции кај обожавателите, кои масовно коментираа под објавата.
На фотографиите, Вилијамс позира во маслинесто зелен костим за капење кој дополнително ја истакнува нејзината витка линија. Фановите брзо ја преплавија со комплименти, а дел од нив дури напишаа дека изгледа како „Барби“.

Покрај фотографиите, поранешната шампионка сподели и кратка порака со која испрати позитивна порака до своите следбеници.
„Не сум совршена, но сум совршено јас“, напиша таа во описот на објавата.
Вилијамс и по завршувањето на својата професионална кариера останува една од највлијателните личности во светот на спортот и забавата. Таа е многу активна на социјалните мрежи, каде редовно споделува моменти од својот приватен живот, бизнис проекти и активности со семејството.

Нејзините последни фотографии уште еднаш покажаа дека интересот за неа не стивнува, а секоја нова објава на социјалните мрежи брзо станува тема на разговор меѓу нејзините милиони следбеници.


















