ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ВОДЕНА СТИХИЈА ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ: Стотици домови под вода - ова се најкритичните локации!

(ФОТО) ВОДЕНА СТИХИЈА ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ: Стотици домови под вода - ова се најкритичните локации!
Kristal

Силното невреме предизвика сериозни поплави во повеќе населени места, а најтешка е состојбата во селото Форино, каде водата навлезе во стотици домови.

Според информациите од Црвен крст на Република Северна Македонија, најризичен е делот од населеното место што се наоѓа во непосредна близина на Вардар. Во одредени зони, објектите се изградени речиси до самото корито, а зголемениот водостој довел до излевање на реката и каналите што минуваат низ селото.

Проценките говорат дека околу 500 објекти се оштетени, при што најголемиот дел се домови за живеење. Материјалната штета е значителна, а многу семејства се соочуваат со сериозни последици.

Хуманитарните тимови веќе дистрибуирале големи количини флаширана вода поради заматената и небезбедна вода за пиење, како и стотици пакети со храна и средства за хигиена. Обезбедена е и психосоцијална поддршка за погодените граѓани.

Поплави се регистрирани и во други населени места во регионот, а во Кичево биле евакуирани над 200 лица, кои привремено се згрижени во спортската сала Спортска сала „Христо Узунов“.

Надлежните служби остануваат на терен, додека граѓаните со страв ја следат состојбата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo