ПРВ.мк
Македонија

Внимавајте што јадете по празниците: Две жени од Македонија се затруени со заостанати велигденски јајца!

Внимавајте што јадете по празниците: Две жени од Македонија се затруени со заостанати велигденски јајца!

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале медицинска помош во Итната служба во Кавадарци, откако се појавиле сомнежи дека се затруени по консумирање заостанати велигденски јајца.

Според информациите од лекарите, едната пациентка била задржана на болничко лекување во кавадаречката болница поради потреба од дополнителен надзор, додека другата, по неколку часа следење и стабилизирање на состојбата, сама побарала да биде пуштена дома, бидејќи се чувствувала подобро. Ова го потврди доктор Антоан Паракеов, кој раководи со службата за итна медицинска помош во градот.

Дополнително, доктор Ратко Грков информираше дека и во текот на неговата смена имало пациенти со поблаги симптоми на труење, кои исто така навеле дека претходно јаделе велигденски јајца.

Медицинските лица предупредуваат дека ваквите случаи не се изолирани, особено во периодот по празниците кога храната често се чува подолго од препорачаното. Тие апелираат до граѓаните да бидат внимателни при консумирање на преостаната храна, особено кога станува збор за лесно расипливи производи како варени јајца.

Целта на овие предупредувања е да се спречат несакани здравствени последици, кои иако во овие случаи биле со полесен тек, можат да станат сериозни доколку не се реагира навреме.

Најнови вести