Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива непречено, но коловозите се влажни, поради што надлежните апелираат на зголемена внимателност при возење.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, ниту за влез, ниту за излез од државата, а протокот на возила се одвива вообичаено.
Иако сообраќајот е со умерен интензитет надвор од урбаните средини, од АМСМ предупредуваат дека влажните коловози можат да влијаат на безбедноста, па затоа возачите треба да ја прилагодат брзината и стилот на возење на условите на патот.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, кои се посочуваат како потенцијално ризични поради можност за одрони.
Од АМСМ потсетуваат и дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај од 15 април, но само за возила со вкупна тежина до 3,5 тони.







