ПРВ.мк
Македонија

Владата набавува 100 нови амбулантни возила за 7,5 милиони евра – еве каде ќе бидат распоредени!

Владата набавува 100 нови амбулантни возила за 7,5 милиони евра – еве каде ќе бидат распоредени!
Kristal

Владата донесе одлука за набавка на 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 7,5 милиони евра. Средствата ќе бидат обезбедени преку преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години, информира министерот за здравство, Азир Алиу.

Новите амбулантни возила ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ целата држава, со цел да се обезбеди побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, како и подобра покриеност на урбаните и руралните средини.

Министерот Алиу истакнува дека ова е значаен чекор кон модернизација на здравствениот систем и подобрување на услугите за граѓаните, особено во случаите кога секоја минута е од животно значење.

Дополнително, Владата донесе одлука за решавање на долгогодишниот проблем со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Земјиштето на паркингот сега ќе биде во сопственост на државата, што ја отстранува административната пречка за потпишување договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.

Со новиот договор се планира модернизација на паркингот, зголемување на капацитетот, воведување мониторинг, информативни табли и дигитален водич за насочување на граѓаните, со цел функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники.

Од коалицијата ВЛЕН оценија дека овие одлуки претставуваат директен удар врз хаосот и небрежноста во јавниот здравствен систем и се значаен чекор кон подобрување на условите за пациенти и персонал.

FixCredit
Escape