ПРВ.мк
Македонија

Владата ја донесе конечната одлука - еве што ќе се случи со заловените крави од Крива Паланка!

Владата ја донесе конечната одлука  - еве што ќе се случи со заловените крави од Крива Паланка!
Kristal

Владата донесе одлука заловените крави од Крива Паланка да бидат продадени преку јавен оглас што ќе го организира Агенцијата за храна и ветеринарство. На огласот ќе можат да се пријават само регистрирани кланици и месарници.

Од Агенцијата информираат дека досега се фатени вкупно 84 крави, кои по извршените здравствени прегледи ќе бидат понудени на продажба. Мерката се воведува поради долгогодишниот проблем со стоката што се движи без надзор во регионот. Според проценките, на територијата има околу 600 крави кои слободно шетаат и предизвикуваат материјални штети.

Градоначалникот Сашко Митовски изрази загриженост дека поранешните сопственици понекогаш ги колат животните и ги продаваат на црниот пазар, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Одлуката нема да се однесува само на случајот во Крива Паланка, туку и на сите животни што ќе бидат одземени од неодговорни сопственици согласно Законот за благосостојба на животните.

Целта на мерката е да се спречи понатамошно штетно постапување со животните и да се обезбеди нивно законско и контролирано отуѓување.

Извор: fokus.mk

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape