Со безброј убави моменти, споделини насмевки, музика и уметнички доживувања, официјално заврши овогодишното издание на манифестацијата „Кавадарчко културно лето 2026“.
Изминатите две и пол месеци Кавадарци пулсираше во ритамот на културата. Бројните концерти, театарски претстави, изложби и отворени дружења измамија аплаузи и внесоа посебна енергија и живост на сите локации во градот. Од самиот почеток, па сè до завршната вечера, публиката и уметниците заедно создадоа лето за помнење.
Организаторите објавија и кратко видео-ретроспектива со највпечатливите моменти, изразувајќи длабока благодарност до сите учесници, партнери, поддржувачи и пред сè до верната публика која беше срцето на секој настан.
Иако „Кавадаречко културно лето 2026“ ги затвори своите врати, спомените и позитивната енергија остануваат. На кавадарчани и сите посетители им преостанува да уживаат во импресиите сè до следното културно лето!







