ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ОПАСНИ СЦЕНИ НА ПАРКИНГ: Возеле на едно тркало и дивееле со мотори – снимките завршуваат кај институциите!

(ВИДЕО) ОПАСНИ СЦЕНИ НА ПАРКИНГ: Возеле на едно тркало и дивееле со мотори – снимките завршуваат кај институциите!

Од „Охрид Мол“ алармираат за серија опасни ситуации што во изминатиот период биле регистрирани на паркинг-просторот на трговскиот центар, каде поединци управувале мотори на начин што сериозно ја загрозувал безбедноста на посетителите и останатите присутни.

Според информациите споделени од трговскиот центар преку социјалните мрежи, биле забележани случаи на возење со прекумерна брзина, изведување ризични маневри, возење на едно тркало, како и непрописно паркирање во рамки на просторот.

Од таму предупредуваат дека ваквото однесување претставува директен ризик за посетителите, закупците и вработените кои секојдневно се движат низ паркингот и околината на објектот.

Во објавата посочуваат дека сите инциденти биле регистрирани преку системот за видеонадзор и безбедносните камери поставени на локацијата.

„Сите вакви инциденти се евидентирани преку системот за видеонадзор и безбедносните камери на трговскиот центар и ќе бидат доставени до надлежните институции за понатамошно постапување, со цел соодветно санкционирање“, наведуваат од „Охрид Мол“.

Од трговскиот центар упатија апел до сите учесници во сообраќајот и посетители да ги почитуваат правилата и да покажат одговорно однесување, со цел зачувување на безбедноста и нормалното функционирање на просторот околу објектот.

ВИДЕО