Едномесечен притвор му е одреден на професор од Земјоделското и медицинското училиште во Бијелина, кој беше уапсен под сомнение за сексуално вознемирување на 16-годишен ученик во училиштето. Полициските службеници од Бијелина го предадоа осомничениот С.Д. на Окружното јавно обвинителство, по пријава од самиот оштетен ученик.
„Полициски службеници го предадоа С. Д. на Окружното јавно обвинителство со извештај за сторено кривично дело сексуално вознемирување. Осомничениот е приведен врз основа на пријава од оштетениот“, се вели во соопштението на локалната Полициска управа, пренесува босанскиот портал „Кликс“.
Неофицијално, целиот случај во надлежните полициски органи бил пријавен од член на семејството на ученикот, по што следувала итна реакција и апсење на професорот во училишните простории. Од полицијата додаваат дека, под надзор на Окружното јавно обвинителство во Бјелина, „активно презема сите законски предвидени мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност со цел целосно расветлување на околностите на овој настан“.








