Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи.
На видеото се гледаат првите моменти кога започна пожарот, а луѓето во паника се обидуваат да излезат од објектот.
„Излегувај, се запали Пулс“, се слуша на снимката.
Во трагичниот пожар загинаа 59 лица, а повеќе од 180 беа повредени.