Во рамки на локалните избори 2025, граѓаните на општините Охрид и Струга излегоа на гласање за да го изберат локалното раководство за наредниот мандат.
Според избирачкиот список, во Охрид право на глас имаа 52.580 гласачи, додека во Струга гласачкото тело брои 61.956 граѓани. Гласањето се одвиваше на повеќе избирачки места низ двете општини.
Како што јавува известувачката Адријана Митевска Момировска, изборниот ден поминал во мирна атмосфера, без посериозни инциденти или пријавени нерегуларности до попладневните часови.
Државната изборна комисија (ДИК) најави дека податоците за конечната излезност и резултатите од овие две општини ќе бидат објавени по завршувањето на гласањето и обработката на гласовите.