На големиот христијански празник Богојавление – Водици, во црковниот комплекс „Свети Атанасиј“ во Босилово била извршена кражба.
Инцидентот е јасно регистриран од сигурносните камери, а снимката се споделува со цел идентификација на сторителот.
Од црквата апелираат: „Доколку некој го препознае лицето, веднаш да се јави кај членовите на Црковниот одбор или да пријави во надлежните институции“.

















