ПРВ.мк
Македонија

Бројката изненадува: Еве колку Македонци официјално живеат во Германија!

Бројката изненадува: Еве колку Македонци официјално живеат во Германија!
Kristal

Германија останува една од најпосакуваните дестинации за живот и работа на странски државјани, а најновите официјални бројки откриваат колку Македонци моментално престојуваат таму. Според податоци од Централниот регистар на странци (AZR), заклучно со 30 ноември 2025 година, во земјата живеат над 14 милиони лица со странско државјанство.

Македонските државјани се наоѓаат на 22. место според бројноста, со вкупно 161.044 регистрирани жители во Германија. Овие податоци се однесуваат исклучиво на лица кои сè уште имаат македонско државјанство, што значи дека реалната македонска дијаспора е далеку побројна.

Причината за тоа е што значителен дел од иселениците со текот на годините стекнале германско државјанство или нивните деца се родени во Германија и се водат како германски државјани, иако имаат македонско потекло.

Кога станува збор за најбројните странски заедници, турските државјани и понатаму се на врвот со околу 1,52 милиони жители. Веднаш зад нив се Украинците, чиј број надмина 1,4 милиони, како резултат на масовното иселување по почетокот на војната во февруари 2022 година.

Интересно е што пред само пет години, бројот на украински државјани во Германија изнесувал околу 135.000, што покажува колку брзо може да се промени демографската слика на земјата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo