ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ДИВО ВОЗЕЊЕ НИЗ МАРИНО: Жителите бараат итна реакција по ноќни сцени со шлајфување и силна бучава!

(ВИДЕО) ДИВО ВОЗЕЊЕ НИЗ МАРИНО: Жителите бараат итна реакција по ноќни сцени со шлајфување и силна бучава!

Жителите на скопското село Марино реагираат на, како што велат, повторувачко опасно и несовесно возење низ населбата, при што бараат итна интервенција од надлежните институции.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа возило кое шлајфува на улица меѓу куќите во доцните ноќни часови, при што се создава силна бучава и чад од изгорени гуми.

Според тврдењата на жителите, ваквите сцени не се изолирани, туку се повторуваат речиси секоја вечер, најчесто во доцните или раните утрински часови, што им го нарушува секојдневието и мирниот сон.

Во објавата што кружи на социјалните мрежи се наведува дека снимката е направена на 2 јуни околу 1 часот по полноќ, од страна на семејство кое живее на главната улица во Марино.

Жителите тврдат дека возилото е веќе препознаено во населбата и најавуваат пријава до Министерството за внатрешни работи, со цел да се идентификува возачот и да се спречат понатамошни инциденти.

Тие посочуваат дека не станува збор за единечен случај, туку дека во вечерните часови има и други возачи кои со непрописно и опасно управување ја загрозуваат безбедноста во населбата.

Од жителите доаѓа и апел надлежните институции да преземат мерки за зголемена контрола и заштита на граѓаните, со цел да се спречат вакви појави во иднина.

Засега нема официјална потврда дали случајот е пријавен во полиција и дали се преземаат конкретни мерки.

ВИДЕО

Најнови вести