ПРВ.мк
Македонија

Велешката полиција доби 12 нови службени возила за побрзи и поефикасни интервенции

Велешката полиција доби 12 нови службени возила за побрзи и поефикасни интервенции
Kristal

Министерството за внатрешни работи обезбеди 12 нови службени возила за потребите на полицијата во Велес, со цел унапредување на оперативната подготвеност и секојдневното работење на полициските службеници.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека возилата се опремени со современи технолошки решенија и ќе овозможат поголема мобилност, побрзи реакции на терен и поефикасно извршување на службените задачи.

„Новите возила ќе придонесат за подобри услови за работа, зголемена безбедност и навремена интервенција во сите ситуации“, изјави портпаролката Ана Милевска Георгиева.

Набавката е дел од пошироките напори на МВР за модернизација на возниот парк и јакнење на капацитетите на полицијата низ целата држава.

FixCredit
Escape