ПРВ.мк
Македонија

Велес не спие: Спортски Игри 2026 влегоа во четвртиот ден со преполн парк и атмосфера за паметење (ФОТО)

Велес не спие: Спортски Игри 2026 влегоа во четвртиот ден со преполн парк и атмосфера за паметење (ФОТО)

Спортски Игри Велес 2026 влегоа во својот четврти ден, а Градски парк Велес секоја вечер е исполнет до последно место. Јубилејното издание трае 6 дена, што значи дека настанот е на половина од својата програма, но интересот кај публиката станува сè поголем.

Паркот е преполн со посетители, навивачи, спортисти, семејства и млади луѓе кои остануваат до последната минута од натпреварите. Полни трибини, насмеани лица, одлична енергија и спортска атмосфера се сликата што најдобро покажува зошто овој настан е едно од најдобрите спортски случувања во Македонија.

Оваа година Спортски Игри Велес бележат најголема посетеност досега, а натпреварите во сите спортови се следат со огромен интерес. Организацијата е на врвно ниво, програмата тече во одличен ред, а Градски парк повторно докажува дека е вистинското место за спорт, дружење и забава.

До крајот остануваат уште 3 дена исполнети со натпревари, публика и позитивна енергија. Организаторите ги повикуваат сите велешани и љубители на спортот да дојдат во паркот и да бидат дел од оваа приказна.

Во Градски парк има место за сите – со спорт, храна, ладни пијалоци и атмосфера што не се пропушта. Велес овие денови навистина живее за спортот.

Најнови вести