ПРВ.мк
Македонија

Уживајте во сонцето додека можете: УХМР најави промена на времето

Уживајте во сонцето додека можете: УХМР најави промена на времето

Утре и во вторник во Македонија ќе се задржи сончево и топло време, додека од среда се очекува промена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Утре времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 35 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, сончевото и топло време ќе продолжи и во вторник.

Од среда, пак, следува период на нестабилност, со услови за пороен дожд, засилен ветер и грмежи.