ПРВ.мк
Македонија

Утре е Свети Трифун, а задутре се одбележува голем и свечен христијански празник!

Утре е Свети Трифун, а задутре се одбележува голем и свечен христијански празник!
Kristal

Православните верници утре го одбележуваат празникот посветен на Свети Трифун, симбол на младоста, истрајноста и верноста кон христијанските традиции, а веќе во недела следува еден од најсвечените празници во црковниот календар – Сретение Господово.

Свети Трифун на иконите најчесто е прикажан со ножици за закројување лозје или со наметка, како чувар на гуски. Тој се смета за заштитник на лозарите и градинарите, но и за покровител на меанџиите. Неговиот ден, 14 февруари, традиционално е поврзан со обредното закројување на лозјата и во народното верување претставува премин од зимата кон пролетта. Во некои делови од Македонија, како Охрид и Прилеп, празникот е познат и под името Свети Трифун-пијаницата.

Во многу македонски краишта, рано наутро верниците оделе во црква каде свештеникот служел молитва и осветувал вода. Се верувало дека таа вода има заштитна и лековита моќ, па со неа се прскале лозјата за да бидат родни. Во Тиквеш лозарите оделе во лозјата, закројувале неколку прачки и ги полевале со вино, изговарајќи благослов: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во селото Ваташа постоел обичај лозарите да се тркалаат низ лозјето, симболично посакувајќи така да се тркалаат и полните бочви со вино. По закројувањето, во дворот на црквата се забодувала запалена гламја, како знак и желба за побрзо заминување на зимата.

Свети Трифун е роден околу 225 година во селото Комсада, во римската провинција Фригија, во Мала Азија. Потекнувал од христијанско семејство и уште од детството се истакнувал со силна вера и духовна посветеност. Според преданијата, поседувал дарба за чудотворство и лекување. Се верувало дека неговиот поглед имал исцелителна сила, особено врз луѓе со душевни страдања. Меѓу најпознатите чуда што му се припишуваат е исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан.

Веќе во недела се слави Сретение Господово, празник што има посебно место во православниот календар и е означен со црвена буква. На овој ден вообичаено се палат свеќи, бидејќи според народните верувања пламенот има заштитна сила и го чува домот од громови и несреќи. Постои и верување дека девојките треба да внимаваат кого прво ќе сретнат тој ден, бидејќи се смета дека тоа може симболично да ја навести нивната идна брачна судбина.

Според канонот на православната црква, Сретение се вбројува меѓу Господовите и Богородичните празници, бидејќи истовремено се одбележува и чистотата на Богородица. Празникот се празнува уште од времето на царот Јустинијан и низ вековите останал еден од најсвечените денови во христијанската традиција.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape