На Вождовац, полицијата уапси 46-годишен државјанин на Македонија, С. Г., поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел. По инцидентот, тој сопствениците ги известил со снимки од пожарот, објави Информер.рс.
С. Г. се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста. Според досегашните информации, тој скоро добил отказ на работа, по што револтиран се вратил со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на пицеријата. Пожарот го снимил и потоа снимките ги испратил на сопствениците со пораката: „Гледајте како гори“.
Осомничениот е приведен по наредба на надлежното обвинителство и ќе биде задржан до 48 часа, по што ќе биде изведен на распит и официјално ќе му биде поднесена кривична пријава.

















