Две лица од Крушево, Б.Х. (72) и Д.С. (36), се уапсени од полицијата во Прилеп поради сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање“. Пет други лица од истиот град се повикани на разговор во Полициската станица Прилеп, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Иако се регистрирани неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, МВР засега не потврдува нарушувања на изборниот процес. Министерството апелира до граѓаните и политичките партии за мирна и демократска атмосфера и ги потсетува на можностите за пријавување на какви било неправилности на телефонските броеви 192 или 112.
Локалните избори во земјата се одвиваат во мирна и фер атмосфера, со преземање на сите мерки за безбедно гласање.
Видео: