Млада државјанка на Турција со престој во Македонија е уапсена во Гостивар поради поседување на наркотични средства и опрема за нивна подготовка и мерење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 18 септември 2025 година во 12:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 19-годишната А.Б. од Турција, откако при контрола кај неа биле пронајдени таблети и предмет со остатоци од марихуана.
Подоцна истиот ден, по наредба од суд, бил извршен претрес во нејзиниот стан и помошни простории, при што биле откриени и одземени:
- дробилка со остатоци од марихуана
- неидентификувани таблети
- бела прашкаста материја
- дигитална вага
- ќеса со семки од канабис
- и други предмети за кои постои сомнение дека се користени во врска со кривично дело.
А.Б. е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.