ПРВ.мк
Македонија

Уапсен возачот што со „мерцедес“ удри во полицаец и побегна

Уапсен возачот што со „мерцедес“ удри во полицаец и побегна
Kristal

Полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11 декември 2025 година, околу 14:45 часот, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полициски службеник и побегнал од местото на настанот.

Несреќата се случила на кружниот тек кај улиците „Борис Сарафов“, „Лука Геров“, „Македонски војски“ и булевар „Партизански одреди“, додека полицаецот Х.М. (34) извршувал службени дејствија.

Во инцидентот, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

По преземените мерки и активности, возачот бил пронајден и уапсен, а по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape