ПРВ.мк
Македонија

Апелација ја зголеми казната на Васил Јованов, момчето кое ја прегази Фросина Кулакова!

Апелација ја зголеми казната на Васил Јованов, момчето кое ја прегази Фросина Кулакова!
Kristal

Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години, поради сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова.

Првостепено, Јованов беше осуден на 12 години за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во јануари оваа година, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, тој помина на црвено светло и удри во Кулакова, која поминувала на пешачки премин на зелено светло, загинувајќи на лице место.

Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и ја преиначи пресудата, зголемувајќи ја казната за Јованов на 13 години затвор. Првостепната пресуда останува во сила во останатиот дел, вклучувајќи ги забраната за управување возило од пет години и паричната казна.

Судот при донесувањето на првостепената пресуда земал предвид признание на вина и каење како олеснителни околности, додека како отежнителни околности биле земени во предвид: возење без дозвола, под дејство на алкохол, преминување на црвено и претходна осуда за недозволена трговија со дрога.

Во меѓувреме, против таткото на Васил, Зоран Јованов, се води судски процес за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, бидејќи дозволувал на својот син да управува автомобил без дозвола, што според обвинителството директно придонело за трагичната несреќа.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape