Од полноќ (16 декември) стапуваат на сила пониски цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛОТ, поевтинуваат за 2 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1 денар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 0,248 денари по килограм.
Нови максимални цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 73 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 75 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 денари/литар
- ЕЛ-1: 65,50 денари/литар
- Мазут М-1 НС: 32,635 денари/кг
Од РКЕ информираат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, како и на поволните движења на девизниот курс.
Новите цени ќе важат од 00:01 часот и ќе се применуваат на целата територија на државата.
















