Полициски службеници од СВР Тетово привеле 16-годишно момче од Тетово, кое се сомничи дека во изминатиот период извршило повеќе кражби во верски објекти на подрачјето на градот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило на 5 јули околу 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.
Малолетникот е осомничен за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, кои, како што се наведува, биле извршени во текот на минатиот месец. Делата се поврзуваат со кражба во црквата во селото Брвеница, како и во две џамии на подрачјето на Тетово.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против малолетникот, согласно законските процедури.








