Пожар избувна во куќа во Тетово, при што едно лице загина.
На 11.03.2026 година во 08:56 часот, во СВР Тетово, Територијалната противпожарна единица пријавила дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово избувнал пожар во куќа.
Пожарот е локализиран, а при прегледот во внатрешноста е пронајдено едно починато лице.
Се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.


















