ПРВ.мк
Македонија

Тошковски конечно ја разјасни дилемата што ги интересираше сите возачи – еве колкава ќе биде толеранцијата за казни преку „Сејф сити“ камерите

Тошковски конечно ја разјасни дилемата што ги интересираше сите возачи – еве колкава ќе биде толеранцијата за казни преку „Сејф сити“ камерите
Kristal

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ детално појасни како ќе функционира системот за автоматско казнување преку камерите од проектот „Сејф сити“, особено делот што најмногу ја интересира јавноста – прагот на толеранција при мерење на брзината.

Тошковски објасни дека камерите ќе регистрираат прекршок само кога ќе биде надминат утврдениот праг. Како пример наведе дека доколку возило се движи со 57 километри на час на делница каде што дозволената брзина е 50 километри на час, системот ќе го евидентира прекршокот. Но, ако брзината е 56 километри на час, електронскиот систем нема да го регистрира како прекршување на правилата.

Министерот дополнително појасни дека доколку возач управува со 53 километри на час на место каде што е дозволено 50, нема автоматски да биде казнет бидејќи камерите и радарите нема да го регистрираат прекршокот. Сепак, нагласи дека ова не значи ослободување од одговорност во случај на несреќа. Доколку при таква брзина дојде до предизвикување материјална штета или повреда на пешак или велосипедист, возачот ќе одговара согласно одредбите од Кривичниот законик.

Тошковски се осврна и на постоечката законска регулатива, потенцирајќи дека и понатаму ќе важат утврдените толеранции. Така, дозволено е отстапување до 6 километри на час на делници каде што максималната дозволена брзина е до 100 километри на час. За патишта со дозволена брзина над 100 километри на час, толеранцијата изнесува 8 километри на час, додека кај делници каде што е дозволена брзина над 200 километри на час, толеранцијата достигнува до 12 километри на час.

Покрај ова, министерот најави и воведување на онлајн апликација преку која граѓаните ќе можат да ги ажурираат своите лични податоци, да проверат каде се поставени камерите од системот „Сејф сити“, како и да добијат дополнителни информации поврзани со сообраќајниот надзор и казните.

FixCredit
Escape