ПРВ.мк
Македонија

СВР Скопје ја зацврсти контролата над дрогата – седум лица приведени!

СВР Скопје ја зацврсти контролата над дрогата – седум лица приведени!
Kristal

Во текот на 23 и 24 декември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акција на повеќе локации низ главниот град, при што лишија од слобода седум лица на возраст од 18 до 28 години. Меѓу приведените се шест лица од Скопје и едно лице од Радовиш.

При извршените контроли, кај сите приведени лица била пронајдена и одземена марихуана, како дел од активностите за превенција и откривање на нелегални активности со дрога.

СВР Скопје соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци за понатамошни правни постапки.

FixCredit
Escape