ПРВ.мк
Македонија

Тинејџер повреден во пукање во скопската општина Чаир!

Тинејџер повреден во пукање во скопската општина Чаир!

Осумнаесетгодишен скопјанец е повреден откако непознато лице, кое се движело со велосипед, изминатата ноќ пукало кон него од огнено оружје во скопската општина Чаир.

Инцидентот се случил на улицата „Методија Митевски“ и бил пријавен во полиција нешто по еден часот по полноќ.

Повредениот тинејџер М. И. (18) бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на В. И. (28) од Скопје, кој со возило го однел до болница.

„Полициски службеници од Полициската станица ‘Битпазар’ извршиле разговор со В. И. (28) од Скопје. Тој изјавил дека на улицата ‘Методија Митевски’ едно лице, кое било со велосипед, неколкупати од огнено оружје пукало кон М. И. и го напуштило местото“, информираат од МВР.

Засега не е познат идентитетот на напаѓачот, ниту мотивите за вооружениот напад. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Escape