На 2 ноември 2025 година, во 11:20 часот, во ОВР Радовиш е пријавено дека 50-годишен маж од село Подареш, Радовишко, се здобил со тешки телесни повреди откако се превртел со трактор.
Според полицијата, И.А. управувал трактор на некатегоризиран пат во атарот на село Смиљанци, радовишко, кога изгубил контрола и се превртел.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, а повредениот бил пренесен со Итната медицинска помош за лекарска нега.















