ПРВ.мк
Македонија

Тешка трагедија во Скопје: Двегодишно дете со прострелна рана на главата во животна опасност

Тешка трагедија во Скопје: Двегодишно дете со прострелна рана на главата во животна опасност
Kristal

Новогодишната ноќ во Скопје и неговата околина поминала со сериозни инциденти и зголемен број интервенции на итните служби, но еден случај особено ја вознемири јавноста.

Во Клиничкиот центар било донесено двегодишно дете, со засега непознат идентитет, кое се здобило со прострелна повреда на главата од огнено оружје. Детето веднаш било хоспитализирано и сместено на одделението за интензивна нега, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Според првичните информации, состојбата на детето е критична и се наоѓа во животна опасност. Засега нема официјални детали за тоа како дошло до пукањето, ниту под какви околности се случил инцидентот. Надлежните служби работат на расветлување на случајот.

Од здравствените установи повторно упатија апел до граѓаните за максимална внимателност и одговорно однесување, особено за време на празници, нагласувајќи дека несоодветното ракување со огнено оружје и пиротехника може да има трагични последици, особено по најмладите.

FixCredit
Escape