На локалниот пат од Кондово кон Долно Свиларе се случила сериозна сообраќајна несреќа помеѓу две возила. Едното било управувано од 15-годишник од Скопје, а другото од 27-годишник.
Во несреќата тешки повреди здобиле малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје. Со телесни повреди се здобиле уште 15-годишник од Кондово, 17-годишник од Скопје, 27-годишниот возач и двегодишно девојче од Долно Свиларе.
Полицијата извршила увид на местото на настанот преку екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините за несреќата продолжува.

















