ПРВ.мк
Македонија

ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛ: Големо друштво „згасна“ по откриени тешки прекршоци! - Ова се деталите

ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛ: Големо друштво „згасна“ по откриени тешки прекршоци! - Ова се деталите

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва во земјата, по вонредна контрола која откри сериозни неправилности во нивното работење.

Одлуката доаѓа по пријава од граѓанин, по која бил спроведен надзор што утврдил сериозни прекршувања на законските правила, како и постапки кои не се во согласност со прописите за заштита на корисниците на финансиски услуги.

Според надлежните, утврдените практики директно ги довеле во ризик граѓаните кои користеле услуги од ова друштво, поради што било донесено решение за итно одземање на дозволата за работа.

Министерството за финансии соопшти дека и во текот на 2026 година продолжуваат засилени контроли на финансиските друштва, при што веќе се изречени десетици казни и наредби за отстранување на неправилности.

Паралелно се најавуваат и законски измени со кои ќе се заострат условите за работа во овој сектор, со цел да се намали ризикот од прекумерно задолжување и да се зголеми заштитата на граѓаните.

Од Министерството порачуваат дека контролите ќе продолжат интензивно, а секое непочитување на законите ќе биде санкционирано без исклучок.