ПРВ.мк
Македонија

Тешка несреќа со мигранти – едно лице во критична состојба, возачот се обидел да избега

Тешка несреќа со мигранти – едно лице во критична состојба, возачот се обидел да избега

43-годишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако со возило превезувал мигранти и предизвикал сообраќајна несреќа, по што избегал од местото. Инцидентот се случил на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, кај локацијата позната како „Шарен мост“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото излетало од патот, а во него биле пронајдени шест мигранти од Египет. По несреќата, возачот се дал во бегство, но по преземени активности на полицијата бил брзо пронајден и приведен.

Во несреќата, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите мигранти и самиот возач поминале со полесни повреди.

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“, а надлежните институции продолжуваат со целосно расчистување на случајот.