ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Малолетник со мотоцикл прегази 74-годишна жена!

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Малолетник со мотоцикл прегази 74-годишна жена!

Во Кочани се случила сообраќајна несреќа во која 74-годишна жена и малолетен возач на мотоцикл се здобиле со повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, инцидентот се случил вчера претпладне околу 11:00 часот на улицата „Тодосија Паунов“ во градот. Малолетник на возраст од 16 години, од селото Грдовци, управувал мотоцикл со кочански регистарски ознаки кога дошло до контакт со пешакот П.Л. (74) од Кочани.

Во судирот, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека малолетниот возач поминал со полесни повреди. И двајцата биле пренесени и прегледани во болницата во Кочани.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани, која треба да ги утврди точните околности под кои дошло до настанот.

Случајот повторно го отвора прашањето за безбедноста во сообраќајот и управувањето со моторни возила од страна на малолетни лица.

Најнови вести