ПРВ.мк
Македонија

ТЕПАЧКА, МЕТАЛНИ ПРЕДМЕТИ И ПИШТОЛ: Кривични пријави против шест лица - полицијата со детали!

ТЕПАЧКА, МЕТАЛНИ ПРЕДМЕТИ И ПИШТОЛ:  Кривични пријави против шест лица - полицијата со детали!
Kristal

Шест лица од Тетово се кривично пријавени поради насилна пресметка што се случила во селото Желино, откако вербална расправија ескалирала во тепачка и сериозни закани со огнено оружје.

Според информациите од СВР Тетово, инцидентот се случил на 5 ноември 2025 година. По претходна кавга меѓу 63-годишниот Ј.Џ. и 34-годишниот Б.И., ситуацијата излегла од контрола кога Ј.Џ. се обидел да го нападне другиот маж со метален предмет. Присутните успеале привремено да ги разделат, но конфликтот подоцна повторно се разгорел.

Во продолжение, расправијата прераснала во физичка пресметка во која биле вклучени сите пријавени лица. Во најкритичниот момент, според полицијата, Ј.Џ. извадил пиштол и му упатил закани на Б.И., што предизвикало страв и вознемиреност кај присутните.

Поради настанот, кривична пријава е поднесена против Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), сите од Тетово, за кривичните дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство, кое ќе одлучува за понатамошните чекори.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape