ПРВ.мк
Македонија

СО ФАЛСИФИКАТ НАНЕЛ ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 90.000 ЕВРА: Кривична пријава за управител на фирма во Македонија!

СО ФАЛСИФИКАТ НАНЕЛ ШТЕТА ОД РЕЧИСИ 90.000 ЕВРА: Кривична пријава за управител на фирма во Македонија!
Kristal

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против М.Т. (46) од Битола, поради основано сомнение дека сторил повеќе кривични дела – „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Според информациите од полицијата, пријавениот, кој бил управител во приватна фирма со седиште во општина Новаци, во периодот април–мај 2024 година, со пречекорување на своите службени овластувања и со намера да прибави противправна имотна корист, ѝ нанел значителна финансиска штета на РЕК Битола.

Како што појаснува СВР Битола, осомничениот извршил промена на две официјални барања од РЕК Битола – рудник Суводол, кои биле доставени до неговата фирма за набавка на ролни за јаглен, наменети за репарирање на лента за јаглен. Притоа, тој ги изменил количините наведени во првичните документи, односно ги преправил оригиналните барања што биле уредно изготвени од РЕК Битола.

Така изменетите, односно фалсификувани барања, осомничениот ги употребил како валиден доказ во правен сообраќај, со цел да изврши набавка на гумени прстени, при што на РЕК Битола ѝ била нанесена штета во износ од 5.453.700 денари, односно околу 88.678 евра.

Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство, кое ќе постапува понатаму согласно законските надлежности.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo